„Кој е одговорен?“: Како Путин „строи“ министер пред камера? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
240 прегледи

Првиот човек на Русија Владимир Путин пред камерите го „строеше“ министерот за природни ресурси Александар Козлов во врска со чистењето на депониите во земјата.

На оваа тема се расправаше на седницата на Советот за стратешки развој и национални проекти, на која меѓу другото беше покренат и проблемот со дивите депонии во границите на градот, бидејќи за 104 објекти не се подготвени предлог-проекти неопходни за нивна ликвидација.

„Би сакал да слушнам: Кој во вашето министерство конкретно се занимава со ова? Можете ли да го кажете името и презимето на оваа личност? Кој е тоа?“, го прашал Путин Козлов.

Министерот се согласи три лица да се занимаваат со овој проблем.

„Значи, тројца луѓе во вашето министерство се занимаваат со тоа. Кој од нив е главниот, кој сноси лична одговорност за резултатот од работата?“, му се обрати повторно Путин на Козлов.

Козлов рече дека тој самиот е одговорен како министер.

„Вие сте одговорни за се во министерството. Кој е во оваа област? Кој е одговорен?“, не беше задоволен Путин од одговорот.

Дури тогаш министерот кажа едно конкретно име – неговиот заменик Мурад Керимов.

https://twitter.com/45I70Vy1BSoX2ZX/status/1471111176432066563?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1471111176432066563%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Fko-je-odgovoran-ko-kako-putin-preslisava-ministra-pred-kamerama-video%2F

-Добро. Слушнав, рече Путин.

Министерот тогаш предложи лидерите на регионот да сносат лична одговорност за отстранувањето на дивите депонии.

-Добро кажавте. Неопходно е регионалните лидери лично да ја преземат контролата врз работата во оваа област. И дека тие, регионалните лидери, гувернерите, им помагаат на градоначалниците на нивните градови, вклучително и проектна и буџетска документација, да ја подготват целата документација поврзана со ова, нагласи рускиот претседател.