Зеленски: Не дај боже да дојде до војна со Русија

од Nikola Popovski
323 прегледи

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека не сака конфликт со Русија поради потенцијалниот голем број жртви.

„Имаме само еден формат во случај на ескалација од Русија. Сепак, она што го слушам, повеќето земји од ЕУ и од Источното партнерство ја поддржуваат позицијата на Украина. Сите разбираат дека цената би била многу висока. Сепак, никој не може да го замисли бројот на жртви и изгубени животи. Никој не го сака тоа. Украина секако не го сака тоа. Не сум сигурен дека сите европски лидери подеднакво ја разбираат оваа ситуација, бидејќи, за жал, не сите лидери разбираат што се случува на нашите граници“, рече Зеленски на прес-конференција со генералниот секретар Јенс Столтенберг на НАТО, одржана во Брисел.

„Затоа што и тие (Русија) ќе изгубат луѓе. Не дај Боже (да се случи тоа). Сепак, ние веруваме во дипломатскиот формат на преговори“, додаде тој.

Да потсетиме, Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на „агресивните акции“ на Русија во близина на границите на Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Според него, тоа никому не се заканува и никого не треба да загрижува.