438
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска информира дека градот започнува со израмнување на шахтите со нормалното ниво.
-Започнавме со нивелирање на шахтите во Скопје кои се подигнати повеќе од нормалното или пропаднати под нивото. Денеска бев на проверка на работите на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов каде се поставуваат самонивелирачки шахти, потенцира Арсовска.
Според градоначалничката, ова е еден од поголемите проблеми за кој граѓаните се жалат, а неговото решавање е дел од програмата на Град Скопје за првите 82 дена од нејзиниот мандат,