248
Првиот вицепремиер Артан Груби смета дека целиот спор со Бугарија може да се реши за 6 дена.
-Апсолутно не се потребни 6 месеци, туку за 6 дена, за да седнеме со новата бугарска влада на маса и да ги хармонизираме ставовите по спорните прашања, по што веднаш ќе се пристапи до одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ, вели Груби во емисијата „Само интервју“.
Според него, новото бугарско вето не е дебакл и тоа не е поради вина на шефот на дипломатијата, Бујар Османи.
-Бујар направи максимум од тоа што можеше да го направи и го прави. Најискрено да ви кажам, ние не очекувавме на 14-ти,15-ти декември да биде заокружено се, туку да започне процесот со новата бугарска влада, рече Груби.