Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше неодамнешната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби дека најголемата опозициска партија прифатила да има Албанец премиер.
-Никогаш не сум разговарал за таа опција со Груби, но зошто на пример ДУИ не го прифати предлогот на нашата партија за Албанец премиер. Ние имаме три пати повеќе пратеници од нив, 44 наспроти 15. Може ние ќе предложиме премиер Албанец. вели Мицкоски во емисијата „Клик плус“.
Во однос на новиот претседател на СДСМ, Мицкоски смета дека дека не очекува ништо друго, освен тој да биде, како што кажа, „продолжена рака на заевизмот“.
-Познавате ли што сработил Ковачевски во министерството за финансии како заменик? По што е познат? Има ли некоја реформа во времето на неговата на функција во министерството, праша Мицкоски.