Денот на настава на турски јазик, 21 декември, неработен за турската заедница

од Nikola Popovski
256 прегледи

Вторник, 21 декември 2021 година е неработен ден за припадниците на турската заедница во државата, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

-МТСП соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2021 година (вторник), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик, стои во соопштението.

Слични содржини