Шампионот во Формула 1, Макс Верстапен присуствуваше на гала вечерата на која и официјално беше потврдена неговата титула.
Тој на почетокот на разговорот со медиумите ги коментираше наводите дека Луис Хамилтон би можел да стави крај на кариерата поради оваа „неправда“.
„Можам да разберам дека нема да бидете среќни неколку дена по трката. Ова е трка и такви работи се случуваат. Тој треба да се наврати на постигнатото. Тоа треба да му даде утеха и охрабрување да продолжи, бидејќи може уште да се бори за осмата титула. Не гледам причина сега да се откаже“, изјави Верстапен.
Пилотот на Ред Бул истакна дека самиот Хамилтон ја освои титулата во 2008 година во слични околности, кога го победи Фелипе Маса во последниот круг од последната трка сезонава.
„Не го жалам, но разбирам дека е многу болно. Тој исто така освои таков шампионат“, додаде Холанѓанецот.
Претседателот на ФИА во заминување Жан Тод ја коментираше целата ситуација.
„Тој го доби она што го заслужи. Имаше одлична сезона. Сите се фокусирате на последната трка. Вистина е дека тогаш имаше среќа. Но, треба да ја погледнете целата сезона. Азербејџан? Имаше ли среќа во Будимпешта? Не“, рече Тод, додавајќи:
„Треба да славиме вечерва наместо да се обидуваме да правиме контроверзии. Нема смисла, зошто?“
Новиот претседател на ФИА ќе биде избран во петок.