Кичевската болница за прв пат доби најсофистициран апарат за компјутерска томографија

од Nikola Popovski
324 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека за првпат Општата болница во Кичево добива најсофистициран апарат за компјутерска томографија (КТ).

Кичевци повеќе нема да патуваат до Гостивар, Тетово или Скопје за преглед. Веќе пациентите нема да бидат во агонија додека чекаат термин за дијагностицирање или контрола на сериозни заболувања. Со новите апарати овозможуваме полесна работа и на специјалистите од различни области. Изразувам голема благодарност на нашите пријатели од ЕУ, евроамбасадорот Гир и холандскиот амбасадор Коп, кои финансиски го поддржаа овој проект за помодерен, современ здравствен систем каков што заслужуваат пациентите и медицинскиот персонал, објави Филипче.

Слични содржини