Град Скопје: Јакимовски се обидува да изврши медиумски и институционален притисок врз Арсовска

од Vladimir Zorba
289 прегледи

„Градот Скопје не учествувал во постапката за поништување на претходниот урбанистички план во општина Карпош, за да преземе било каква одговорност за било каква штета настаната поради суспензија на претходен урбанистички план, ниту учествувал во постапката за продажба на земјиштето. Градоначалникот на Карпош наместо вината да ја бара во неговиот претходник, се обидува да изврши медиумски и институционален притисок врз градот, за позитивно мислење на одреден урбанистички план“, се вели во реакцијата на Градот на вчерашната изјава на градоначалникот на Општина Карпош.

„Градот Скопје е исклучиво надлежен за носење на Генерален урбанистички план, а во постапките за Детален урбанистички план единствено дава мислење по однос на истиот, покрај останатите институции како што се Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за катастар на недвижности и други, а најважно, конечен носител на било кој ДУП е Советот на општина Карпош.

Како Град Скопје, ги имаме предвид барањата и потребите на жителите на Скопје и во ниту еден случај нема да дозволиме да се постапи спротивно на интересите на скопјани“, велат оттаму.

Слични содржини