Во научните кругови сите беа возбудени кога беше објавено дека вселенската сонда „Паркер“ на вселенската агенција НАСА за прв пат го „допрела“ Сонцето, пробивајќи ја неистражената сончева атмосфера, позната како корона.
Подеднакво, ако не и повеќе, возбудливо е видеото кое го прикажува моментот кога сондата влегува во сончевата корона.
Снимката се состои од поединечни слики снимени во периодот од 8 до 12 август годинава, при најблиското приближување до Сонцето.
Според „Science Alert“, сè изгледа како сцена од научно-фантастичен филм со Млечниот пат во позадина – соларен ветер и таканаречените блескави „стримери“ исполнети со електрони.
Сондата, инаку, прелета низ короната во април, за време на осмото приближување до Сонцето, а на научниците им требаа неколку месеци да ги вратат податоците и уште толку за да ги потврдат.
NASA's Parker Solar Probe plunged deep into the Sun's corona & passed directly through streamers of solar plasma. The view out the window was…staggering. https://t.co/LLy8fB2dmZ pic.twitter.com/4fWkHIgmlA
— Corey S. Powell (@coreyspowell) December 15, 2021