240
Белорусија е подготвена да распореди нуклеарно оружје во случај на закана од НАТО, изјави денеска белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи.
– Она што го кажа претседателот Александар Лукашенко е дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на идните акции на Северноатлантската алијанса на полска територија – рече Макеи, цитиран од белоруската новинска агенција „Белта“.
Претходно Лукашенко изјави дека Белорусија и понудила на Москва да инсталира нуклеарно оружје на нејзина територија, доколку НАТО инсталира нуклеарно оружје во Полска.