Свлечиште и голем одрон на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, сообраќајот пренасочен на една коловозна лента

од Vladimir Zorba
296 прегледи

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на десет километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри.

Како што соопшти АМСМ, на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.

Слични содржини