Раперот Дрејкео рулер беше избоден со нож на музичкиот фестивал „Once Upon a Time in Los Angeles“, поради што организаторите го откажаа настанот, па Снуп Дог, Фифти Сент, Ајс Кјуб нема да учествуваат, иако тоа беше планирано.
https://www.youtube.com/watch?v=VG0UFWfP7gI
Дрејкео бил избоден со нож во пределот зад бината околу 21 часот во саботата навечер по локално време (утрово околу 6 часот по средноевропско време), по што бил префрлен во локалната болница во критична состојба, објави „Њујорк пост“ цитирајќи го Томас Мира од „Пипл“.
Полицијата во Лос Анџелес не го идентификуваше напаѓачот, но „Л.А. Тајмс“ наведува дека Дрејкео бил нападнат од група луѓе и дека е тешко повреден.
Концертот се одржа на стадионот „Банк оф Калифорнија“ во Лос Анџелес, каде беа планирани хип-хоп изведувачи, меѓу кои Снуп Дог, Ајс Кјуб, Гејм, Фифти Сент…