313
Јапонски милијардер кој помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица (МВС) се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција „Роскосмос“.
Јусаку Маезава, 46-годишен милијардер, неговиот помошник Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин паднаа со падобран во казахстанската степа околу 03.13 часот по Гринич, пренесе АФП.
„Туристичкиот лет на вселенското летало „СоЈуз МС-20“ е завршен“, се наведува на веб-страницата „Роскосмос“.
Двајцата Јапонци се првите туристи кои сами си го платиле патувањето.
Ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година.
Цената на патувањето не е објавена.
Беше планирано Хиноро да ја сними целата мисија.