Дрејкео починал по нападот на фестивалот

од Vladimir Zorba
373 прегледи

Дваесет и осумгодишниот американски рапер Дрејкео Рулер починал како последица на раните кои ги добил кога бил избоден со нож на музички фестивал во Лос Анџелес.

Раперот, чие вистинско име е Дарел Колдвел, требаше да настапи во сабота навечер на музичкиот фестивал „Once Upon a Time in Los Angeles“

Тој наводно бил избоден со нож при расправија зад бината, која се случила во моментот кога требало да настапи, јавува Би-Би-Си.

Тој е префрлен во локалната болница во критична состојба.

Организаторите го откажаа фестивалот на кој требаше да учествуваат Снуп Дог, Фифти Сент и Ајс Кјуб.

Полицијата во Лос Анџелес не го идентификуваше напаѓачот, но „Л.А. Тајмс“ наведува дека Дрејкео бил нападнат од група луѓе и дека е тешко повреден.