Сити ќе ја удвои платата на Бернардо Силва

од Vladimir Zorba
338 прегледи

Манчестер Сити одлучи да го награди играчот од средниот ред Бернардо Силва за одличните игри кои ги пружа оваа сезона и значително да му ја зголеми платата, објавија британските медиуми.

Бернардо Силва очекуваше да падне во втор план летото, кога клубот го доведе Џек Грилиш за 117 милиони евра. Но, наместо тоа, тој е најдобриот играч на Сити досега оваа сезона.

Како резултат на тоа, клубот двојно ќе му ја зголеми платата, на 17,5 милиони евра.

Со тоа, Силва ќе им се придружи на Кевин Де Бруин и Рахим Стерлинг, кои се најплатените играчи во клубот.

Слични содржини