251
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков изјавиl дека очекува наскоро да бидат свикани првите меѓувладини конференции на Европската Унија со Северна Македонија и Албанија.
Мицотакис ја истакнал и важноста на земјите од Западен Балкан, особено со фокус на Република Северна Македонија и Албанија, на нивниот европски пат и изразил надеж дека односите меѓу Европската унија и Турција ќе се вратат во нормала.
„Пред се, најважно е добрососедството. Очекуваме наскоро да се свикаат меѓувладините конференции со Република Северна Македонија и Албанија“, нагласи Мицотакис.