Популарната хрватска пејачка Јелена Розга проговори за својата здравствена состојба, но откри и како се чувствува откако човекот кој ја демнеше доби судска казна.
Пред три години Розга, како што еднаш откри, почувствувала дека „срцето и чука толку многу што се плашев дека само ќе пукне“, по што веднаш посетила лекар и и била дијагностицирана тахикардија.
Таа откри дека за време на пандемијата на коронавирусот, конечно научила да каже не и дека нејзината здравствена состојба ја принудило на тоа. Таа рече дека Хашимото и ја „изел“ тироидната жлезда.
– Повеќе не сум под голем стрес. Не сакам да брзам, особено кога е работата во прашање. Подобро се грижам за своето здравје, повеќе го ценам слободното време, знам да кажам не. Го научив и тоа. Морав поради моето здравје. Едноставно морав, бидејќи имам проблеми со срцето и тироидната жлезда и веќе не кријам. Апсолутно веќе немам тироидна жлезда и сега реков: „Па доста е, ајде и малку да уживаме“ – изјави Розга за РТЛ, која денеска редовно пие терапија.
Розга изјавила дека спие помирно откако човекот кој ја демнел добил судска казна.
– Мислам дека долго ќе гледам зад грб и ќе ја свртам главата кога дење и навечер шетам со кучето. Не е сеедно кога живееш сам – признала пејачката и додала дека во Новата година сака само здравје.
– Само здравје. Здравјето е на прво место и го ценам се повеќе и повеќе, особено кога имам мои проблеми. Така да – само здравје, се друго ќе дојде – заклучила пејачката.