Папагали стануваат зависни од алкохол, пијани предизвикуваат несреќи (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
375 прегледи

Црвенокрилестите папагали се хранат со овошје богато со алкохол и умираат од интоксикација или несреќи предизвикани од летање под дејство на алкохол, предупредија австралиските ветеринари.

Декември е крајот на сезоната на манго во регионот Кимберли во Западна Австралија, така што има многу паднати плодови на земјата. Бидејќи е особено богат со шеќер, мангото произведува големи количини алкохол додека скапува на сонце.

Ова изобилство на бесплатни пијалоци стана вистинска закана за локалните црвенокрилести папагали, кои едноставно се зависни од ферментирано манго.

Најмалку шест птици со симптоми на труење со етанол се донесени во ветеринарната болница „Брум“ минатата недела, изјави ветеринарот Пол Марфи.

„Тие обично страдаат неколку дена… Тие се прилично летаргични и во различни фази на зашеметеност“, рече тој.

Тие папагали имаа среќа, но „за жал, има многу од нив кои не стигнуваат до клиниката бидејќи умираат пред луѓето да ги најдат“, наведува Марфи, пренесе АП.

Некои птици страдале и од „однесување во пијана состојба“ бидејќи алкохолот влијаел на нивните моторни вештини. Имаме неколку пријави за налетување на прозорци и лежење на подот, неможност за летање и лесен плен за мачки и други предатори“, изјави ветеринарот.

Црвенокрилестите папагали се чини дека се единствениот вид птица што има проблем со ферментираното манго, велат научниците.

Смртноста поврзана со алкохол е цената што ја плаќаат за да го репродуцираат нивното омилено дрво.

„Етанолот очигледно има одредена еколошка вредност за дрвото“, бидејќи птиците кои ги привлекуваат ферментираните манга потоа дополнително ги распрснуваат неговите семиња, изјави за ABC News Мајкл Консидин, вонреден професор на Универзитетот во Западна Австралија.

Слични содржини