279
„Регионот сака да биде едно. „Отворен Балкан“ е најдобрата порака што регионот може да ја донесе“, изјави денеска Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји.
„Отворен Балкан“, според него, не само што промовира регионална соработка туку и остварува регионална соработка.
„Вашата регионална соработка е добра и за ЕУ и Западен Балкан. Држете ги вратите на оваа иницијатива отворени“, истакнува Вархеји.
Тој ги повика останатите три земји (Црна Гора, БиХ и Косово), да се приклучат на „Отворен Балкан“.
Ја поддржувам вашата иницијатива, додаде еврокомесарот.