Најмалиот електричен Citroën чини околу 6.000 евра

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Citroën Ami е електричен микро автомобил, вообичаено легализиран за пат како квадцикл, неговото тело е претежно направено од пластика, додека погонот е скромен електричен мотор со моќност од само 8 КС. Со батерија од 5,5 kWh, неговата автономија е околу 75 километри во градско возење. Се разбира, градското возење е речиси единствената опција, бидејќи најголемата брзина што Ami може да ја достигне е само 45 km/h. Сепак, Citroën веќе претстави верзија на Ami која ќе биде најмалото возило за градска испорака, а сега го редизајнираа и во – off-road buggy.

Citroën My Ami Buggy Concept е визија за возило кое овозможува кратки авантури во природа, на плажа или други возбудливи патишта и е идеално возило за уживање во викендот – велат авторите на овој концепт. Практичен, забавен и целосно без штетни издувни гасови, овој микро автомобил треба да обезбеди задоволство од возењето во природа, а фактот што вратите се отстранети и додаден е панорамски покрив ги става возачот и совозачот во директен контакт со животната средина.

Концептот доби и „офроуд“ тркала, браници, дополнителни светла и „bull-bar“ шипки за заштита од тежок терен – се што ви треба за авантуристичко возење или кампување. Во случај на дожд, Ami Buggy може да се заштити во церада што ја заменува вратата, додека панорамскиот покрив исто така може да се затвори по потреба.

Од Citroën велат дека Ami е создаден за да може лесно да се обработува со помош на техники за 3D печатење. Сите додатоци за Ami Buggy може лесно да се испечатат и да се монтираат на возилото на овој начин, според желбите на купувачот. Ова е пред се концепт кој ги покажува можностите за доработка на Ami, целосно нетипичен градски автомобил, чија цена е околу 6.000 евра.

Слични содржини