Маск откри која е најголемата закана за цивилизацијата: „Дали сакате такво општество?“

од Nikola Popovski
256 прегледи

Извршниот директор на Тесла, мултимилијардерот и, според последните проценки, најбогатиот човек на светот, Илон Маск, го критикуваше „woke“ трендот и го исмејуваше „CNN“ во интервју за конзервативната сатирична страница „Babylon Bee“, нарекувајќи ја политичката коректност една од најголема закана за цивилизацијата.

Патем, терминот „woke“ во современите „културни војни“ често се користи на англиски јазик за оние кои сакаат да ги сигнализираат своите доблести, т.е. ја нагласуваат нивната чувствителност на теми како расна или родова нееднаквост, разни согледани социјални неправди и слично.

Во впечатливото интервју, емитувано во вторникот, Маск протестираше против обидите на комичарот Дејв Шапел за „култура на откажување“ и оцени дека „вирусот woke е една од најголемите закани за модерната цивилизација“, пренесува „Јутарњи лист“.

„Треба да е во ред да се биде духовит. Wokeness во основа сака да ја направи комедијата нелегална, што не е кул“, рече милијардерот и праша: „Дали сакаме општество без хумор што е едноставно полно со осуда и омраза?“.

Фото: Patrick Pleul/picture alliance via Getty Images