Мицкоски: Не би можел да оценам дали Заев беше тежок или лесен противник

од Nikola Popovski
279 прегледи

Прелабава констатација е дека Заев го одржа зборот и се повлече. Јавноста знае за зборот на Заев колку тежи и дека неговата политичка кариера ќе биде препознаена по тоа што не стоел на зборот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за денешната доставена оставка до Собранието, на премиерот во заминување, Зоран Заев.

Според Мицкоски, лаги и невистини се препознатливи за кариерата на Заев.

-Се надевам дека заминува заевизмот. Државата ни е во слободен пад. Зборот не е таа карактеристика која го красеше. Не би можел да оценам дали Заев беше тежок или лесен противник. Сепак се соочував со него во изминатите 4 години, но тој сега си заминува од политичкиот врв, рече Мицкоски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.