Макрадули: Пуштањето на Мијалков од притвор е намерно одбрано со оставката на Заев

од Nikola Popovski
416 прегледи

Поранешниот пратеник и актуелен директор на „Пошта“, Јани Макрадули смета дека тајмингот за пуштањето на Сашо Мијалков од притвор е намерно одбран да се совпадне со денот на годинешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски и оставката на премиерот Зоран Заев.

-Го бирале тајмингот. Направен е обид за каша. Се покажа уште еднаш дека реформите што се прават во судскиот систем останаа недовршени. Мислам сите граѓани јавно бараат објаснување за одлуката и верувам дека судиите ќе елаборираат. Очигледно дел од старата структура меѓу судиите се уште постои. Овој период недоволно ја поттикнува самата свесност во рамки на судскиот систем и ни се случуваат вакви шокови што треба да се објаснат, вели Макрадули во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини