СЗО: Бустер дозата не е доволна за излез од пандемијата

од Nikola Popovski
337 прегледи

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) вчера предупреди дека не треба да се негува илузија дека е доволно на населението да му се даде бустер доза вакцина за да излезе од пандемијата на Ковид-19.

„Ниту една земја не може да излезе од пандемијата со бустер доза и таквите дози не се зелено светло за славење како што се предвидува“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус на прес-конференција во Женева.

Неселективните програми со дополнителни бустер дози ги имаат сите шанси да ја продолжат пандемијата отколку да ја прекинат со пренасочување на достапните дози на вакцини во земји кои веќе имаат високи стапки на вакцинација, давајќи му на вирусот повеќе можности да се шири и мутира, рече Тедрос.

„Важно е да се запамети дека огромното мнозинство од оние кои беа хоспитализирани и починаа не беа вакцинирани, а не оние кои не примија бустер доза“, рече тој.

„И треба да бидеме многу јасни за фактот дека вакцините остануваат ефикасни против сојот делта, како и против омикрон“, додаде Тедрос.

Според Одборот на експерти за вакцинација на СЗО (SAGE), најмалку 126 земји веќе дале инструкции за давање бустер доза или за дополнителна вакцинација на децата, а 120 од нив веќе започнале кампањи на тој план.

Во огромното мнозинство на случаи, тоа се богати или земји со среден приход, додека ниту една сиромашна земја сè уште нема воведено дополнителна програма за вакцинација, се вели во денешното соопштение на одборот на СЗО.

Слични содржини