Реал Мадрид без пораз во 15 натпревари

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Реал Мадрид го победи Атлетик (Билбао) со 2-1 во натпревар од 21. коло на Ла Лига. Така тимот од Мадрид го забележа 15. меч без пораз на сите турнири.

Момците на тренерот Карло Анчелоти последен пат загубија од Еспањол (1:2) на 3 октомври. Оттогаш, Кралскиот клуб има 13 победи и 2 нерешени.

Следниот натпревар на Реал Мадрид е на 2 јануари против Хетафе.