Николас Кејџ нема да гледа филм во кој се толкува себе си (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
418 прегледи

Актерот Николас Кејџ накратко го коментираше филмот „Неподносливата тежина на масивниот талент“ во кој се толкува себеси како и неговите најпознати филмски ликови.

Реакциите на трејлерот се различни, па додека некои со ентузијазам едвај чекаат да го видат Кејџ во оваа реализација, други ја нарекуваат идејата за самиот да се толкува себе си како „луда“.

Актерот, пак, рече дека не планира да го гледа филмот.

„Никогаш нема да го гледам. Ми рекоа дека е добар филм. Но, едноставно, крајно е лудо да одам во кино и да се гледам себеси, а тоа е невротична верзија од мене. Тоа воопшто не сум јас“, изјави Кејџ неодамна.

Во филмот Николас игра измислено јас – лик кој поради падот на неговата актерска кариера мора да прифати работа од милион долари за да се појави на роденден на богат фан.

Ситуацијата набрзо се менува, па ЦИА била принудена да интервенира, а Николас за да го спаси сопствениот живот и животите на своите најблиски, има задача да се маскира во ликовите кои ги играл во текот на неговата кариера.

Слични содржини