Невообичаена сообраќајна несреќа се случила оваа недела во САД, а светот за тоа дозна преку Twitter. Сопственикот на Tesla споделува фотографии од „судир“ со iPhone на автопат со 112 км/ч.
Корисничката на Twitter, која на таа социјална мрежа се вика Стела Витае, инаку е сопственичка на електричен автомобил Tesla и, судејќи по нејзиниот профил, голем обожавател на се што прави Елон Маск. Неделава оваа Американка го возела својот Tesla по автопат, кога одеднаш на пат и „налетал“ нечив iPhone 13 Pro Max.
Мобилниот телефон очигледно испаднал од некој автомобил пред неа. Според она што таа го напишала на Тwitter, тој скокал по тротоарот, а потоа удрил – директно во предната решетка на нејзината Tesla. Во тој момент таа возела со 70 милји на час (околу 112 км/ч), па мобилниот телефон на Apple, со куќиште од нерѓосувачки челик, удрил прилично длабоко во маската на Tesla и таму се заглавил оставајќи зад себе оштетувања како куршум.
Според нејзиното сведочење, во тие моменти мислела дека собрала парче метал од патот, па застанала на првиот следен полнач за да провери што се случило. Таа веднаш на Twitter објави многу интересни слики од последиците од овој необичен судир, каде станаа хит.
„Добро што не беше Nokia 3310“, е еден од почестите коментари.
Anyone else ever have an iPhone 13 Pro Max empale their Tesla while driving 70mph on a freeway? It bounced once on the pavement in front of me, and this is what happened 🥲🥲 pic.twitter.com/uY3uMz63fs
— 🌟 Stella Vitae 🌟 (@marvelwonderkat) December 20, 2021