Пендаровски: Јас сум Македонец, што ќе ми е ЕУ без признаен македонски јазик

од Берта Китинска
456 прегледи

„Што ќе ми е таа ЕУ без признаен македонски јазик? Мора да им дадеме на другите шанса да се соочат со вистината за нас. Јас сум Македонец и сега не може ние да се пишеме нешто друго“, рече Претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во Само интервју на Канал 5.

Претседателот се осврна и на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, за кого рече дека е „голема непознаница во политиката“ бидејќи не бил на позиција претходно. На Ковачевски, како име кое е извесно за нов мандатар, вели Пендаровски, треба да му се даде шанса.

-Треба да му се даде шанса, факт е дека има богато академско искуство, има години и години партиски стаж во СДСМ, таму го познаваат. Мислам дека има конекции со разноразни групации кои постојат. Мислам дека има добра стартна основа, рече шефот на државата.

Слични содржини