Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон, верува дека Луис Хамилтон повеќе нема да биде дел од „најбрзиот караван во светот“.
Британецот за малку ќе ја освоеше рекордната осма шампионска титула, но во тоа го спречи Макс Верстапен, претекнувајќи го во последниот круг од последната трка сезонава. Возачот на Ред Бул со многу контроверзии дојде до својата прва титула.
На крајот на краиштата, шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека се надева дека разочарувањето од губењето на титулата на овој начин нема да го турне Хамилтон кон излезната врата.
Сега се огласи поранешниот прв човек на Формула 1.
„Не разговарав со Луис, но разговарав со неговиот татко пред неколку дена. Веднаш почувствував дека не сака да зборува за иднината на неговиот син. Разговаравме само за работа“, рече Еклстоун.
„Не знам што се случува со Луис, но мислам дека тој не се враќа. Тој е премногу разочаран. И тоа е разбирливо“, вели тој.
На заклучокот дека „сребрените стрели“ ќе бидат многу ослабени на овој начин, Еклстоун рече: „Луис може да ја загуби само 2022 година. Кој знае каква ќе биде ситуацијата со новите болиди. А негов тимски колега ќе биде амбициозниот Џорџ Расел. Не треба да се заборави ниту Верстапен. Хамилтон конечно најде рамноправен ривал во него, по долги години“.