Снимка од Кинез кој потсетува на најбогатиот човек на планетата Елон Маск го обиколи светот, а гледајќи ја неверојатната сличност со неидентификуваниот Кинез, дури и директорот на Tesla прокоментира дека можеби има кинеска крв.
Видеото од „клонот“ на Маск првпат се појави на кинеските социјални мрежи пред неколку дена, а брзо се прошири поради неодоливите сличности.
Корисниците на социјалните мрежи почнаа да го нарекуваат Кинезот во видеото Ји Лонг Маск.
Кога Маск објави на Твитер претходно оваа недела дека ќе плати рекордни 11 милијарди долари данок во 2021 година, некој сподели фотографија од неговиот „близнак“ како одговор.
Ова не остана незабележано од Маск, кој искоментира: „Можеби сум делумно Кинез“.
Maybe I’m partly Chinese!
— Elon Musk (@elonmusk) December 20, 2021