Газпром: Европа троши рекордни количества на гас

од Nikola Popovski
359 прегледи

Европа троши рекордни количества гас од своите складишта, а според состојбата од 22 декември веќе потрошила 41 отсто од волуменот складиран гас во текот на 2021 година, објави „Газпром“.

„Според податоците на компанијата „Gas Infrastructure Europe“ од 22 декември, 41 отсто од складираниот гас годинава е веќе земен од подземните европски складишта“, се наведува во соопштението.

Дополнително, компанијата наведува дека на 21 и 22 декември е забележана рекордна дневна потрошувачка на гас од подземните складишта во Европа – 700 милиони кубни метри и 712 милиони кубни метри.

Според податоците на компанијата „Gas Infrastructure Europe“, зафатеноста на европските подземни складишта за гас е намалена на 57,5 ​​отсто на 22 декември и сега изнесува нешто повеќе од 62 милијарди кубни метри или за 22,5 милијарди кубни метри помалку од 2020 година.

Слични содржини