Русија го казни Гугл со речиси 100 милиони долари

од Nikola Popovski
253 прегледи

Судот во Москва во петокот го казни Гугл со речиси 100 милиони долари поради пропустот да ја избрише содржината забранета со локалниот закон, казна што ги одразува напорите на Русија да го зголеми притисокот врз големите технолошки компании.

Окружниот суд Тагански пресуди дека Гугл постојано го занемарувал отстранувањето на забранетата содржина и и наредил на компанијата да плати административна казна од околу 7,2 милијарди рубљи, што е околу 98,4 милиони американски долари.

Гугл соопшти дека ќе ги прегледа судските документи и потоа ќе одлучи за следните чекори, пренесува Асошиејтед прес.

Руските власти постојано го засилуваат притисокот врз платформите на социјалните мрежи, обвинувајќи ги дека не успеале да ја исчистат содржината поврзана со злоупотреба на дрога, оружје и експлозиви. Претходно оваа година, властите ги обвинија технолошките компании за неуспехот да ги избришат најавите за нелегални демонстрации за поддршка на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.

Руските судови претходно оваа година изречеа помали казни на Гугл, Фејсбук и Твитер. Пресудата на московскиот суд од денеска беше првпат висината на казната да се пресметува врз основа на приход.

Руските власти, исто така, побараа странските технолошки гиганти да складираат лични податоци на руски граѓани на серверите во Русија, заканувајќи им се со казни или можни забрани доколку не ги почитуваат.

Слични содржини