Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери информираше дека иницијативата на ССМ за Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата упатена до Собранието, е доставена до пратениците во најкус рок за само 4 дена од денот на поднесувањето на истата, соопштија од Сојузот на синдикати.
Му се заблагодаруваме на Претседателот на Собранието, Џафери за брзата реакција и ги повикуваме пратениците, согласно нивните надлежности, истата да ја прифатат и да го искористат своето право согласно член 132 од Деловникот за работа на Собранието и со тоа да го искористат право да предложат донесување на закон, кое право го има секој пратеник во Собранието и треба да го искористат по иницијативата на ССМ. Ги охрабруваме и пратениците, предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија доставен од страна на ССМ, согласно своите надлежности да го поддржат и предложат и тие“, се вели во денешното соопштение на ССМ.
Сојузот на синдикатите на Македонија како член на Економско – социјалниот Совет доставиле и барање за свикување на седница на Економско – социјалниот Совет во најкус можен рок на која ќе се дискутира и разгледа иницијатива на ССМ за предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија како посебна точка на дневниот ред што впрочем е и обврска на Економско социјалниот Совет пред предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија да биде испратен од страна на Владата до Собранието за негово усвојување и примена од 1 јануари 2022 година.
„Бараме пратениците веднаш да пристапат кон Законска процедура и истите да се одважат на нивото на задачата за што се избрани и да го прифатат предлогот на работниците, со што ќе биде овозможено започнувајќи од платаат за месец јануари 2022 година работниците во Државата да добиваат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата“, посочуваат од ССМ.
Претседателот на Сојузот на синдикати, Димовски веќе разговарал со сите социјалните партнери, со останатите синдикати, работодавачите, пратеници и претставниците на Владата оваа заложба на ССМ и на Владата изнесена и од страна на Претседателот на Владата, како и од владеачката пратеничка група да стане реалност.
ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за октомври 2021 година изнесува 34.893,00 денари, или истата само во 2021 година е зголемена за повеќе од 1.300,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, а со дискусијата ако минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000,00 тогаш одприлика две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдикалната минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот.
„Уште повеќе ако знаеме дека одлуката за замрзнување на цените на одредени производи завршува заклучно со 31.01.2022 година, како и очекуваното зголемување на цената на електричната енергија за најмалку 10% што исто така ќе придонесе до зголемување на Синдикалната минимална кошница и зголемување на цените, а овие трошоци ќе се плаќаат во месец февруари 2022 година, неопходно е работниците да добијат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата согласно Закон и колективен договор. Потсетуваме дека Македонија можеше да биде Државата која ќе ја следат останатите Држави во регионот, но пратениците од Црна Гора гласаа за зголемување на минималната плата во Државата на 450 евра“, се додава во соопштението.