Српски медиуми: Ѓоковиќ не патува за Австралија

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Новак Ѓоковиќ нема да патува во Австралија, јавуваат медиумите кај нашиот северен сосед.

Според „Блиц“, најдобриот светски тенисер ќе го пропушти учеството во АТП купот на почетокот на 2022 година.

Новак Ѓоковиќ нема да отпатува за Австралија на репрезентативниот турнир каде во отсуство на Виктор Троицки требаше да ја предводи српската селекција како играч и тренер.

АТП купот започнува на 1 јануари, а Србија беше извлечена благодарение на најдобриот тенисер во светот, но сега се чини дека нема да биде во Сиднеј.

Слични содржини