Шварценегер донирал 250.000 долари за домови на воени ветерани

од Vladimir Zorba
392 прегледи

Поранешниот гувернер на Калифорнија и американски актер Арнолд Шварценегер донираше 250.000 долари за да обезбеди 25 „мали домови“ за воените ветерани во таа американска држава.

Станбените единици, кои ќе имаат мала соба, кревети и греење, ќе помогнат да се извлечат ветераните од улиците, објави Sky News.

„Ова е суштината на Божиќ“, напиша Шварценегер на Твитер.

Тој додаде дека секој има моќ да направи нешто за некого за време на новогодишните празници и дека помошта не мора да биде голема.

„Само неколку минути од вашето време значат многу за некого“, додаде тој.

Откако неговата донација стигна во јавноста, западните медиуми објавија дека десетици други луѓе донирале одредена сума на пари во „Селото за ветерани“.

Актерот изјави дека оддолжувањето кон „својата земја, што му значи се“ го прави „добро да се чувствува“.

Слични содржини