Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо не може да им парира на статистиката, трофеите и во некои други сегменти на Кристијано Роналдо и Лео Меси, но за многумина сепак е најдобриот фудбалер на сите времиња.
А кој е најголемиот ако го прашате Роналдо? Тешко му е да одлучи …
„Ил Феномено“ не можеше да застане на еден фудбалер, веројатно за да не омаловажи ниту еден од нив, па издвои дури четворица. И овде беше скромен, не се запиша во потесниот круг, но меѓу легендите има играчи кои најмногу ги почитува.
„Ако ме прашувате мене, четворицата најдобри играчи во историјата на фудбалот се Пеле, Марадона, Меси и Кристијано Роналдо“, кратко изјави Роналдо во едно неодамнешно интервју.
Поради неговиот одговор тешко некој да се налути, но штета што не знаеме кој е неговиот миленик од четворицата.