Рецепт: Тортиљи со пилешко и сос од авокадо

од Vladimir Zorba
551 прегледи

Тортиљи полнети со пилешко одлично оди со сос од авокадо.

Состојки:

– 8 тортиљи

– масло за пржење

Полнење:

– 1 литар вода

– 500 гр пилешко филе

– 1 чешне лук

– 5 зрна бибер

– 70 гр црвен кромид

– 2 лажици сечкан магдонос

– сол

– 3 лажици кисела павлака

Сос од авокадо:

– 2 авокадо

– 1 лажица сок од лимета

– 1 лажица ситно сечкан црвен кромид

– 1 лута пиперка

– 250 гр домати

– 1 лажица сечкан магдонос

– сол

Подготовка:

Во зовриена вода ставете го пилешкото месо, исечканиот лук и бибер и варете околу 20 минути, додека месото не омекне. Оставете да се излади, а потоа исечете ги на коцки.

Измешајте сецкан црвен кромид со магдонос, сол и додадете го во пилешкото. На крајот измешајте ја павлаката.

Врз секоја тортилја ставете по една лажица од подготвениот фил, завиткајте и зацврстете со чепкалки.

Во тава на загреано масло пропржете ги тортиљите додека не поруменат. Отстранете ја чепкалка и исечете.

Подгответе го сосот така што ќе го излупите авокадото, ќе го извадите каменот и ќе ја изгмечите внатрешноста со вилушка.

Додадете сок од лимета, исечканиот кромид, ситно сечканата лута пиперка, излупениот и исечкан домат, магдоносот и солта, па измешајте.

Послужете топли тортиљи со сос од авокадо.

Слични содржини