Бранителот на Мијалков: Имаме гаранција која е спроведена и не можеме да ја избришеме

од Берта Китинска
313 прегледи

Бранителот на поранешнито директор на УБК, Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека решението на Апелациониот суд, е правосилно, за разлка на тоа од Основниот суд и со ваквкото однесување, се создава опасна судска пракса каде „по порачка се добиваат решенија“.

-Апелацискиот суд направи проценка на сите околности по опасност од бегство и Кривичниот совет требаше да го спроведе решението за нашиот клиент да излезе. Во овој момент имаме гаранција која е спроведена и не можеме да ја избришеме, а имаме неправосилно решение на Основниот суд, но нашиот клиент е во затвор и се брои решението на Основен суд – нешто што го нема ниту во африканска земја, изјави на денешната прес-конференција бранителот на поранешнито директор на УБК, Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ.

За тоа кои се следните чекори за Мијалков да излезе од притвор, Давидовиќ рече дека, не може да има судир на судски надлежности меѓу повисок и понизок суд и создавање на опасна пракса.

– Што ќе направиме понатаму, зависи од тоа кои чекори ќе ги преземе јавниот обвинител, Апелацискиот суд и Основниот суд, кој го суди „Плацови на Водно“. Во случај да нема реакции, какви што налага законот, одбраната ќе размисли дали ќе преземе дејствија во таа насока, посочи Давидовиќ.

Прашан под кои основи се бара Мијалков да биде ослободен за предметот „Плацови на Водно“, адвокатот Давидовиќ рече дека поднеле Жалба против решението за одредување притворот за предметот „Плацови на Водно“, бидејќи предметот не е завршен.

– Не може во друг случај да се даде гаранција, освен во случај на опасност од бегство и затоа Апелација ја прифатила, сметајќи дека таа гаранција е доволно за да го обезбеди неговото присустви, изјави Давидовиќ.

Слични содржини