Значајно го зголемивме степенот на квалитет на услугите за здравствена заштита во болницата за ГАК во Чаир, вели министерот за здравство Внеко Филипче.
-Околу 4000 бебиња кои годишно се раѓаат во оваа болница, вклучувајќи ги и мајките родилки, сега ќе добиваат современа, унапредена грижа во деновите кога истата им е најпотребна. Со сите инвестиции во обнова на просториите и операционите сали, набавка на современа опрема и едукација на здравствените работници, постигнавме многу значајни резултати и процентот на преживување на предвремено родените бебиња во изминатата година значајно се зголеми, односно смртноста во 2016 година која беше 25%, сега е 8,9%. Искрено се надевам дека ќе продолжи по овој систем, да се инвестира таму кадешто е најпотребно, здравствената заштита треба најмногу да се унапредува онаму каде се децата. Му честитам на директорот на болницата целиот персонал за одличното менаџирање, посветеноста на работата и грижата за пациентите, вели Филипче.