Циципас за Ѓоковиќ: Не сум доктор, тоа е негов избор, но јас ќе се вакцинирам

од Nikola Popovski
313 прегледи

До Австралија опен има се помалку време, а секогаш останува само едно прашање во тенискиот свет – дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува на него? Србинот го откажа учеството на АТП купот во Сиднеј, додека сега целата ситуација околу тенисерот број 1 ја коментираше и Гркот Стефанос Циципас.

Челниците на првиот Грен слем турнир експлицитно напоменаа дека нема да може да учествува секој кој не е вакциниран, а се уште не се знае дали српскиот ас ја примил вакцината или не.

Оваа одлука ја поддржува и еден од најголемите ривали на Новак, Стефанос Циципас, кој вели дека сето тоа е негова лична работа и негов избор.

– Тоа е негов избор и јас го почитувам. Секој има слобода да одлучи и да донесе правилна одлука за себе – рече Циципас, па продолжи:

-Ќе играм во Австралија. Не сакам да промовирам вакцинација, не сум против неа, но сакам да поддржам секој што ќе се реши на таков чекор. Јас не сум лекар, јас сум спортист и моето мислење кога е во прашање вакцинацијата и не е најдобро. Знам дека ќе бидам вакциниран до крајот на годината и тоа го правам за да имам нормален живот – заврши Циципас.

Да потсетиме, Австралија опен е на програмата од 17 до 30 јануари следната година.

Слични содржини