Ахмети не е за предвремени избори, туку за решавање на проблемите

од Nikola Popovski
234 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети смета дека нема потреба од предвремени парламентарни избори.

-Наместо избори, треба да ги решиме проблемите со кои се соочуваме. Би сакал да истакнам дека доколку сакаме стабилна, оддржлива, прогресивна состојба во правец на евроатланските процеси, мораме да го решиме спорот или разликите кои ги имаме во врска со договорот за добрососедство. Сметам дека прашањата се унапредени, вели Ахмети во изјава за медиумите.

Во однос на ветингот во судство, Ахмети побара помош и од медиумите за оценување на чесноста на лицата кои се на раководни позиции во државата.

-Да нè останеме само на убави изјави пред екраните на телевизиите, туку конкретно да се работи во сите тие области. Значи од создавачите на политики па се до медиумите, да бидеме во координација, да бидеме усогласени за да бидеме успешни во оценувањето и нивната чесност, додава Ахмети.

Слични содржини