Државата нема потреба од предвремени избори, но има потреба да ги реши проблемите со кој се соочува, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Во однос на спорот со Бугарија, Ахмети посочи дека ако сакаме да имаме една стабилна ситуација, одржлива и унапредена во насока на евроатланските процеси, неопходно е да се решат разликите што ги имаме со бугарската страна во врска со договорот за добрососедство.
„Мислам дека во ова време земјата нема потреба од предвремени избори, туку треба да ги реши проблемите со кои се соочува. Во ова пригода, сакам да истакнам дека ако сакаме да имаме стабилна, одржлива и напредна ситуација во насока на евроатланските процеси, неопходно е да се реши спорот или разликите што ги имаме со Бугарија за договорот за добрососедство. Мислам дека има напредок по ова прашање и се надевам дека во наредните денови или месеци, овој проблем ќе добие разрешница, но под услов, ниту од нашите власти, ниту од страна на бугарските власти, овој проблем да не се политизира и да не му се даваат емоции, затоа што е тема која сама во себе содржи многу емоции“, кажа Ахмети.