Невил за Роналдо: „Ме нервира неговото однесување со месеци“

од Vladimir Zorba
307 прегледи

ЊУКАСЛ и Манчестер Јунајтед одиграа 1-1 во 19. коло од Премиер лигата. Њукасл водеше до 71. минута, кога Единсон Кавани им донесе бод на гостите.

По натпреварот Гери Невил, поранешен капитен на Јунајтед, го критикуваше Кристијано Роналдо за неговото однесување.

„Погледнете го неговиот говор на телото, неверојатно… Ова ме нервира веќе два месеци. Разговаравме за тоа и претходно оваа сезона, кога втрча во соблекувалната по натпреварот против Евертон. Тој го направи тоа повторно. Тој излета од теренот и против Ватфорд, кога знаеше дека тренерот ќе добие отказ. И против Норич“, рече Невил, лут што Роналдо не остана на теренот да ги бодри соиграчите и да ги поздравува навивачите.

И Бруно Фернандеш исто. Плаче по соиграчите. Тие двајца се лидери на тимот и поразително е за помладите играчи кога најдобрите играчи на тимот гледаат на другите како да не се доволно добри. Од друга страна, погледнете го Кавани. Тој е со тие млади луѓе и тој мора да биде на теренот. Сите овие поискусни играчи треба да им помагаат на помладите, тие треба да се однесуваат како татковци“.

Невил, кој играше за Јунајтед од 1992 до 2011 година и кој беше соиграч на Роналдо, верува дека тимот мора да ги поздрави навивачите по натпреварот.

„Не ми е гајле како игравте, треба да им пријдете и да им аплаудирате. Луѓето тргнаа на гостување да ве гледаат, а вие, најдобриот играч на светот, бегате од теренот без да се збогувате“.

Слични содржини