Петровска: Поранешните членови во себе имаат потенцијал и сакаат да ѝ помогнат на СДСМ

од Берта Китинска
292 прегледи

Вчера ЦО беше посветен на избор на ново раководство. Станува збор за луѓе кои во минатото биле активни во политичкиот живот, особено во СДСМ. Тие во себе имаат потенцијал и сакаат да ѝ помогнат на партијата и на народот. Инаку, сите сме сведоци за широките раце кои Заев ги имаше кон општеството. Тој по онаа заробена држава покажа како треба поинаку, вели Славјанка Петровска за Утрински брифинг.

Таа посочи дека на вчерашанат дебата имало критики.

-Дискусиите беа во иста насока, а критика секако дека имаше. За тоа и се залагаме во партијата. Ако во партијата не се слуша критика, партијата нема да ги слуша критиките од јавноста, а тоа е лошо, вели Петровска.

Прашање е дали ова амалгамирање на кадрите, оние од некогаш и оние новите, ќе даде резултат.

-И во јавноста се коментира дека целото членство на СДСМ не беше ангажирано за време на локалните избори и веројатно тука е клучниот момент. Дискусии секогаш може да има кој на која страна е приклонет. Шпекулации се дека ќе бидам иден министер за правда, сѐ додека мандатарот не одлучи така. Ковачевски не го познавав многу од порано, но сега имав време подобро да го запознам, вели Петровска.

Слични содржини