Бритни не сака да се врати на работа: Се плашам од луѓето

од Nikola Popovski
319 прегледи

Пејачката Бритни Спирс навести дека не е подготвена да ѝ се врати на музичката кариера откако 13 години под старателство не можеше сама да носи деловни одлуки, истакнувајќи дека се плаши од шоу-бизнисот.

Спирс, која беше ослободена од старателството на нејзиниот татко минатиот месец, во опширната објава на Инстаграм во понеделникот рече дека во 2022 година сака „да напредува и да прави работи што ја плашат, но не до тој степен“.

„Претпоставувам дека на повеќето им изгледа чудно што веќе не се занимавам музика… Луѓето немаат поим какви ужасни работи ми направија лично. После се што поминав, се плашам од луѓето и (таа) работа!!!“ напиша Бритни, која последен пат јавно настапи во октомври 2018 година.

„Со тоа што не ги изведувам моите песни велам: „Е*ете се“. Во смисла дека занемарувањето на мојата вистинска работа е само од корист на моето семејство. Како потсвесно да им дозволив да победат“, додаде таа.

Спирс, која е свршена со Сем, претходно оваа година му се пожали на судијата задолжен за нејзиниот случај дека ја контролирал нејзиниот татко, кој наместо неа донесувал деловни одлуки.

На Џејми Спирс му беше одземено старателството на Бритни во септември. Тој изјавил дека неговата единствена цел била да ѝ помогне на ќерка си да ја обнови кариерата откако доживеа психички слом во 2007 година и дека секогаш одлучувал во нејзин интерес, пренесува хрватски „Индекс“.

Фото: Ethan Miller / Getty images / Profimedia

Слични содржини