Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, продаде уште 934.090 акции, или околу 1,02 милијарди долари во акции во компанијата за електрични автомобили и неговата компанија за соларна енергија, покажуваат најновите финансиски податоци објавени на Волстрит.
Во исто време, Маск ги искористи опциите за купување на речиси 1,6 милиони акции на Tesla по фиксна цена од 6,24 долари по акција, кои му беа доделени како компензација во пакетот за компензација во 2012 година, бидејќи не добива плати и бонуси во готово.
Користејќи ги опциите, кои истекуваат следната година, Маск го зголеми својот удел во Tesla овој квартал од околу 170,5 милиони акции на над 177 милиони акции, објави „Wall Street Journal“.
Шефот на „Tesla“ почна да продава акции на 8 ноември, делумно за да ја подмири даночната сметка што му следи на основа на опции.
На почетокот на ноември, Маск анкетираше милиони свои следбеници на Twitter, прашувајќи ги дали да продаде 10% од сопственичкиот удел во „Tesla“.
Тие гласаа „за“. Според некои проценки, Маск има уште повеќе од милион акции за продажба од планираните околу 17 милиони акции, со цел да се постигне целното отуѓување на 10 отсто сопственички удел.
Сепак, голем дел од продажбата што следеше по забавната анкета на Twitter, беше дел од планот што Маск го врати во септември оваа година, знаејќи дека ќе мора да ги подмири своите значителни даночни обврски, наведува CNBC.
Неодамна на Twitter објави дека ќе го плати највисокиот данок во историјата на САД, во износ од над 11 милијарди долари.
Годинава акциите на „Tesla“ пораснаа за повеќе од 54 отсто, со што Маск стана најбогат човек на светот.
Според проценките на „Forbes“, неговото нето богатство сега надминува 275 милијарди долари, врз основа на сопственичкиот удел во „Tesla“ и неговата вселенска компанија „SpaceX“.