6,5 тони суви лисја и гранки собрани од дворот на Градежниот факултет

од Берта Китинска
295 прегледи

6,5 тони суви лисја и гранки, парчиња искршена пластика, хартии и друг отпад беа собрани од дворот на Градежниот факултет, информираше градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски.

-Овој шут кој досега беше разнесен во кругот на факултетот не треба да е наше секојдневие. Општината го исчисти иако тоа е обврска на институцијата. Одржувањето на хигиената е нашиот приоритет но мора да работиме заедно и локалната самоуправа, институциите и граѓаните. Да бидеме внимателни да го одложуваме отпадот онаму каде што треба и да им олесниме на хигиеничарите побрзо да го исчистат сметот од сувите лисја. Сите придонесуваме за здрава и чиста животна средина, заедно за чист Центар, соопшти градоначалникот.

Слични содржини