Европа го добива својот прв домашен производител на батериски ќелии

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Шведски Northvolt во средата објави дека ја произвел првата батериска ќелија во новата фабрика за производство на северот на земјата, нагласувајќи дека таа е целосно дизајнирана, развиена и произведена на европско тло.

Ќелијата во облик на призма излезе од производната линија во вторникот, соопшти компанијата.

Извршниот директор на Northvolt, Питер Карлсон, го најави почетокот на производството оваа година, „дури и ако тоа значи дека првата батерија ќе биде направена на новогодишната ноќ“.

Работата на самиот погон ќе продолжи следната година, кога се очекуваат првите комерцијални испораки, се вели во соопштението на компанијата.

Фабриката се наоѓа во индустрискиот град Скелефтеи, кој го доби прекарот „Златен град“ благодарение на долгата рударска традиција во регион богат со минерални суровини.

Фабриката Northvolt треба да развие производствен капацитет од 60 гигават-часови (GWh) и да и обезбеди на компанијата удел од 20 до 25 отсто од европскиот пазар на батерии до 2030 година.

Northvolt веќе има потпишано договори за снабдување со клиенти како што се BMW, Fluence, Scania, Volkswagen, Volvo Cars и Polestar, со вкупна вредност што надминува 30 милијарди евра.

Слични содржини