Биткоинот се движи кон својот најлош месец од мај (инфографик)

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Цената на биткоинот го запишува последниот пад, останувајќи на патот кон најголемото месечно намалување од распродажбата во мај, според „Блумберг“.

Монетата се разменуваше за 47.449,50 долари попладнево, што е намалување од близу 3,8% во последните 24 часа. Најголемата криптовалута по пазарна капитализација избриша 16% овој месец, додека пазарот како целина избриша 260 милијарди долари во пазарна капитализација, според CoinGecko.

Побарувачката во крипто-секторот слабее како што се приближува крајот на 2021 година, делумно поради повлекувањето на некои од стимулациите на Федералните резерви, кои помогнаа да се зголеми интересот за голем број средства.

Стратезите внимаваат на некои технички параметри на биткоинот во обид да разберат каде ќе оди цената на токенот.

Според Кејти Стоктон, основач и управен партнер на истражувачката компанија Fairlead Strategies, следното ниво на поддршка за криптовалутите ќе биде околу 44.200 долари на база на „Фибоначи“ (Скриени нивоа на хоризонталните линии на поддршка и отпор каде што цените на Биткоин потенцијално може да се променат. Главните нивоа се 23,6%, 38,2%, 61,8% и 78,6%. … Тие се користат во финансиите од страна на трговците кога се анализира графиконот на цени за да се утврдат потенцијалните пресвртни точки – н.з.)

Движењето на цените овој месец се намали од почетокот на годината на околу 65%, што сепак е значително повисоко од традиционалните средства како што се хартии од вредност и стоки. „Со текот на времето, биткоинот ќе биде значително супериорно инвестициско средство“, рече Греам Џенкин, извршен директор на CoinList.

Друга причина за падот е тоа што на крајот на неделата истекуваат вкупно 129.800 опции во вредност од повеќе од 6 милијарди долари, според податоци на Skew, цитиран од CoinDesk.

Слични содржини